Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ од денеска во Охрид започнува со активностите во рамки на партиската кампања „Ја сакам Македонија“.

Стартуваме од најтуристичкото место во Македонија, тоа е Охрид, каде што денес професионални водачи од Македонската асоцијација на водичи и придружници ќе предводат група граѓани низ охридските туристички знаменитости. Со ова сакаме да ја покренеме свеста кај граѓаните дека и домашниот туризам е и тoa како важен, а Република Македонија има што да понуди, изјави денеска во Охрид Слободан Блажевски, претседателот на Комисијата за туризам на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, туризмот како стопанска дејност е исклучително важна за туристичките центри во земјата, па оттаму намерата на партијата да покрене активности насочени кон поголема промоција на исклучителните потенцијали со кои располагаат домашните туристички дестинации.

Она што мораме да го потенцираме и не можеме да го прескокнеме, е тоа што оваа Влада и држава освен на криминал, воопшто нема помислено или со прст помрднато да направи нешто за развојот на туризмот. Имаме саемски директор на агенција за подршка и промоција на туризам кој го интересираат единствено саеми и личен хедонизам, имаме Влада која не е заинтересирана никако да помогне или вложи во туристичките центри и имаме од година во година пропаднати туристички центри. Тоа не смее да биде така и мора да почнеме да го менуваме, истакна Блажевски.

OhridNews