Општинската ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита празникот 23 Октомври-Денот на македонската револуционерната борба.
Овој ден не потсетува на решителноста и одлучноста и поржтвуваноста на нашиот народ во стремежот за слобода и за своја независна држава. Симбол на непокор, патриотизам и правда. Денес им оддаваме почит на шесте великани кои ги удрија темелите на македонската револуционерна борба, кои преку Илинденското востание, а потоа и НОБ и 8 септември, израснаа до формирање независна Република Македонија. Нивниот пример го следат илјадници наши луѓе, кои несебично жртвувајќи се за идејата за слобода за Македонија. Идејата и сонот за слобода на Македонија се пренесува од генерација на генерација. Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи-Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев се основоположници на идејата за слобода на Македонија. Саможртвата и идеалите на борците за независна Македонија се должни за почит и од нас и од сите идни поколенија, но и аманет да продолжиме да го чествуваме нивното дело. Сите понатамошни македонски револуции и народни востанија ќе почиваат на овој пример.
Нивниот пример треба да ни биде водилка за иднината. Ние имаме должност и аманет да продолжиме да ја чуваме, да се бориме и да работиме за оваа идеја, но и да ја пренесеме на идните генерации, се наведува во честитката од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.
OhridNews












