СДСМ Охрид се нервозни и исфрустрирани затоа што промените во Охрид се видливи со градоначалникот Д-р Кирил Пецаков и ВМРО-ДПМНЕ, велат во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ ОК Охрид на соопштението од СДСМ.

Општина Охрид заврши со сите градежни активности, а Кристина Крлеска-Деспотоска наместо неиздржано да го напаѓа Градоначалникот, нека се обрати до Министерството за транспорт и врски, кое е нарачател на градежните активности, да ги притисне изведувачите да завршат во рокот и секако до нивните пратеници во Собранието на Македонија како дел од централната власт. Вашата лицемерна загриженост за туристичката сезона и „менаџерските способности“ се гледаат од тоа дека досега требаше да го завршите автопатот Кичево-Охрид, додаваат.

СДСМ нема право да зборува за туристичка сезона затоа што направија ненадоместливи штети за туризмот, за угостителите и охриѓани кои живеат од туризмот и угостителството, потенцираат и додаваат дека Охрид и туристите веќе го забележуваат новиот однос на Локалната самоуправа кој се одликува со работа и решавање на проблемите на граѓаните.

OhridNews