Членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ, денес, на градскиот плоштад во Охрид одржаа мирен протест против притворањето на пратениците од Охрид и други лица за собраниските инциденти од 27-ми април.
Пред присутните се обрати претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков кој рече дека во 21 век се случува брутален прогон и дека Македонија е единственото место во светот каде патриотите треба да одговораат за измислено дело тероризам.
– Хунтата на СДС погази и Устав и закони, се гонат и затвораат искрени патриоти, а утре ќе го гонат и затвораат секој еден кој се спротивставува на оваа ненародна и марионетска власт. Затоа, како советничка група на ВМРО-ДПННЕ и коалицијата „За подобра Македонија” остануваме доследни на поддршката за притворените уставнобранители од настаните од 27-ми април ќе ја бојкотираме работата на Советот на општина Охрид сѐ до конечна слобода на притворените во политички монтираниот процес, рече Пецаков.
Пецаков им порача на притворените да издржат во наредниот период и изрази надеж дека во меѓувреме ќе дојде до нивно ослободување. Очекува дека наскоро ќе заврши, како што рече, монтираниот политички процес.
OhridNews
















