
Тој рече дека охриѓани нема да поверуваат ни на тие кои ги потценуваат граѓаните покажуваат класично непознавање на ингеренциите на локалната власт.
-Охриѓани знаат да изберат разумно и компетентно и знаат дека за ВМРО-ДПМНЕ Охрид има посебно значење. Гласот за Кирил Трендафилов-Нанче и гласот за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ е интелегентно инвестиран глас. Нивниот глас е инвестиција во проекти кои се за доброто на сите, инвестиција во поефикасна, потранспарентна општинска администрација која секојдневно ќе биде во контакт со граѓаните, постојано ќе работи во интерес на граѓаните и постојано ќе дава отчет пред граѓаните – секојдевно ќе докажува дека тоа што го ветува – тоа и го исполнува, рече Секулоски.

Паноски кажа дека листата на ВМРО ДПМНЕ нуди кандидати за советници кои поминале тест за тоа што значи да се биде советник и која е улогата на Советот на општината .
– Советот , имено ,е најзначајниот орган на локалната самоуправа прворангиран и во законот за локална самоуправа. Затоа ВМРО ДПМНЕ му дава и ќе му даде посебно значење на ингеренциите на Советот во целокупниот комплекс на управувањето со Општината. Советниците ,пак, на ВМРО ДПМНЕ никогаш нема да го ставаат личниот интерес низ процесот на донесување на одлуките , Деталните Урбанистички Планови и политиките за развој на градот . Само ако и еден од овие помисли на тоа , веднаш ќе му биде активирана оставка и веднаш ќе го напушти Советот, рече Паноски.
Напротив советниците на ВМРО ДПМНЕ како своја цел ќе го имаат подзаборавеното ЈАВНО ДОБРО на Охрид . Политиката на носење на ДУПови советниците на ВМРО ДПМНЕ ќе ја концентрираат во правец на развојот на туризмот во градот. Советниците на ВМРО ДПМНЕ ќе поддржат и носат одлуки поврзани за развој на инфраструктурата во градот почитувајќи ги притоа Генералниот урбанистички план и Просторниот План на Охридскиот регион. Советниците на ВМРО ДПМНЕ ќе носат одлуки за регионално поврзување на Охрид како момент за развој на туризмот и промет на луѓе и стоки во регионот.
Паноски истакна дека советниците на ВМРО ДПМНЕ ќе имаат агенда за редовни средби со граѓаните и ќе соработуваат со централната власт во реализацијата големи инфраструктурни зафати.
-Затоа сметаме дека на Охрид му е потребен Совет со силна политичка поддршка ,за да можат да се остварат програмите , целите и платформата, за да може успешно да се спроведува следната фаза на децентрализација, за да може конечно со таа силна поддршка да се направи долгоочекуваниот позитивен пресврт на Охрид како културен и туристички центар. Во тоа име како ВМРО ДПМНЕ ја бараме поддршката на граѓаните за нашата советничка листа, додаде Паноски.










