Отчетот преставува одговорност за сработеното и пример како треба да се информира јавноста за преземените активности и реализиранитe проекти што пред доаѓањето на оваа Локална власт во Охрид не беше практитка, одговара владеачката ВМРО ДПМНЕ на критиките што за отчетот на градоначалникот Бакрачески ги упати ВМРО НП.

„Времето на трошење пари без отчет, времето на злоупотреби на службени позииции, времето на неработење помина.И народна и СДСМ и сите други треба да разберат дека ВМРО ДПМНЕ има стил на работа кој се базира на принципиелност, транспарентност и отченост. Ако на тоа не се навикнати двајца тројца т.н народњаци, немора ни да се навикнат. Тоа е нивен начин на владеење против Охрид !

Отчетот на Градоначалникот е само прва фаза во спроведувањето на сите програмски заложби што ги има ВМРО ДПМНЕ за Охрид. Отчетот е прва фаза на преродбата на Охрид и прва фаза од излез од темниот тунел кој го оставија Народна и СДСМ“, – стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Според ВМРО ДПМНЕ срамно е СДСМ и ВМРО НП. да критикуваат отчет кој тие никогаш не го практикувале.  Затоа срамно е Народна и СДСМ да критикуваат отчет кој тие никогаш не го практикуваа. „Нивниот „отчет е 50 милионски долг, нивниот отчет се погрешни урбанистички решенија, нивниот отчет се запустен град и нивни лични интереси. Тие нека се „гордеат“ со нивниот отчет. Ние ние ќе имаме уште многу отчети ,уште многу успеси во преродувањето на Охрид – се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Ohridnews