„Откако Александар Петрески истури грст навреди за тоа кој е убавото а кој грдото лице на Охрид, откога ја симна кампањата на ниво на „двоцевка“, лицемерно побара фер, коректност и љубов. Кога и тоа беше од нас прифатено, Петрески на отворањето на маалскиот штаб кај Отекс продолжи со навреди, недостоинствен говор и вицови на сметка на политичките конкуренти.“ – рече на денешната прес- конференција портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.
„Затоа, за да биде кампањата фер и обострана ќе го потсетиме Петрески на неодговорената тема – непотизам која треба да даде одговор што е тоа грдото лице на општина Охрид. Дали од СДСМ и градоначалникот Петрески ќе признаат дека грдото лице на Охрид е пресликано во непотизмот во редовите на СДСМ заради кој непотизам нема место за други членови. Дали ќе признае за голем број на примери за непотизам кај вработените во локалната самоуправа.“ – додаде Митровиќ.
Тој истакна дека новата локална самоуправа предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, ќе воведат високи стандарди.
„Новата локална самоуправа предводена од д-р Никола Бакрачески и советниците од листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ќе воведат високи стандарди на принципиелност, стручност и одговорност. Ете тоа ќе биде впрочем убавото лице на Охрид што ќе победи.“ – истакна Митровиќ.
Како што потенцира портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, лицемерието само јасно ја покажуваа хаотичната ситуација во која се наоѓаат СДСМ и стравот на Петрески од веќе сигурниот пораз на локални избори.
OhridNews