Како што беше кажано , вториот законски прекршок и уривање системот на Охрид е покачување на цената за паркирање низ градот, без притоа да се има одлука на Советот на Општината.
– Петрески треба да објасни на основа, на која одлука е зголемена цената за паркирање, а не да ги навредува граѓаните што оправдано го искажуваат својот револт со протести и мислења и да ги нарекува криминални структури. Кој му дал право улиците и слободните паркинг простори пред зградите да ги пренамени во паркинг со наплата и да им го скрати правото на станарите до слободен паркинг до своите згради. Тоа посебно треба да го одговори затоа што и при цртањето на згради во Охрид и при издавањето на дозвола за градба, што е негова најголема и најдоходовна дисциплина , не го почитува Законот за градба со кој треба да има обезбеден паркинг простор на станарите во заедничките згради. И посебно треба да одговори дали рампите остануваат затворени дури и при потреба од брза помош во стариот град и на плажите, рече Митровиќ.
Како што беше кажано на прес конференцијата, од страна на градоначалникот сеуште нема објаснување зошто се зголемени цените за паркинг во Охрид без одлука на Совет, и дека не е покажана дозвола за градба на кружниот тек , како и по која одлука и пропис се поставени бетонски топки на плоштад.












