На прес конференцијата на кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, кој говореше на тема урбанизам, уследи брза реакција на ВМРО ДПМНЕ, која упати контра прашања до противкандидатот:

„Дали градоначалникот Александар Петрески, кој се осмелува да ја прозива ВМРО-ДПМНЕ, за соработка со урбаната мафија е спремен да одговори колку станови во Охрид, Скопје, Солун и Драч „заработи“ за услугите што ги направи во својот мандат за т.н. „инвеститори“.
   
Охриѓани јасно е веќе дека никогаш повеќе нема да се идентификуваат со таков градоначалник“, се вели во рекацијата на ВМРО ДПМНЕ.