– И покрај тоа што кандидатот за градоначалник на СДСМ Александар Петрески одржа две прес- конференции на кои самиот вети дека ќе одговори на нашите прашања во врска со неговите неисполнети ветувања од изборната програма од пред 4 години насловена „Секој ден се поблиску до целта“, како и за неговата нова „визија“ од Охрид да прави центар на проституција, Александар Петрески остана доследен на себе – ни ова ветување не го исполни. Ова на денешната прес конференција го изјави портпаролот на ОИШ ВМРО ДПМНЕ – Охрид, Јованчо Секулоски. Тој денеска упати повеѓе прашања до градоначалникот Петрески во врска со раздолжувањето на општината од долговите:

Зошто во контекст на раздолжувањето постојано повторно и повторно го спомнува само претпријатието „Гранит“?

Колку во бројки изнесуваат пристигнатите побарувања кон Општина Охрид само во минатите две недели?

Колку во овој момент изнесува вкупниот долг на Општина Охрид?

Каков е соодносот на вкупниот долг на градот во 2009 година во одност на долгот во 2005 и дали фактичката состојба е дека Охрид е позадолжен сега отколку пред 4 години?, праша Секулоски.

Ohridnews