
„Прво, срамни и недолични се лагите за некакви дрва, за некакви сечи, но на нивото на јавно обраќање на кандидатот на СДСМ, Петрески веќе станува и излишно да се зборува и коментира.
Второ, анкетите што сам ги споменува јасно му укажуваат дека веќе нема поддршка и во тој факт нема ништо фризирано, па заради тоа треба да ја смири паниката и избезуменоста што го зафатила, што очигледно се одразува на нивото на неговата кампања и негова повторна промоцијата на лагата како единствен спас.
А веќе видливо осамен и напуштен од соработниците падот го ублажува со централната лага дека Владата во Скопје го блокирала и оневозможувала заборавајќи, дека во својот мандат речиси 2 години можеше да има поддршка барем од Владата на СДСМ. Вистината е сосем спротивна – не само што Владата на Никола Груевски не го спречува во ниту еден проект, туку напротив, Александар Петрески е директно одговорен на повеќе капитални инвестиции на Владата во Охрид од општо добро на граѓаните. Тоа што на Петрески до општото добро му е колку до ланскиот снег е друго прашање.
Воедно прашуваме: дали Петрески замислува дека и наредните 4 години би ги поминал во жалопојки дека некој го блокира? Дали Петрески мисли и наредниве 4 години Охрид да го држи во заложништво на сопствената некомпетентност и лично профитерство? Затоа на Охрид му треба Градоначалник кој ќе соработува со централната власт“, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.











