На изнесените ставови на кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината на прес конференцијата одржана денеска, со соопштение реагираше коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Во соопштениеот се вели:

„Денешната реакција на Александар Петрески за некаков си „лом“ во Охрид е панична реакција на уплашен човек на кого му се случува “лом“ во главата заради фактот дека сигурно ги губи изборите во недела во Охрид и тоа уште во првиот круг.

Петрески соочен со тој фактот на веќе сигурен пораз го губи тлото под нозете и во тоа губење сака да го вовлече и Охрид и граѓаните.

Во недела ,со волјата на граѓаните, заминува од местото Градоначалник на Охрид,човекот кој не создаде ништо ,а направи негативни несогледливи последици за иднината на Охрид.“-стои во соопштението.

OhridNews