Очигледно е дека со паничното соопштение на Локалната самоуправа од Охрид, Петрески сака да создаде алиби за себеси, за хаосот што го создаде и во оваа туристичка сезона, стои во реакцијата на општинската ВМРО- ДПМНЕ во врска со соопштението на локалната самоуправа.

– Кој ли сега е виновен за проблематичниот кружен тек,  за грешките со давањето на локациите за урбана опрема, за криминалното делење и цена на паркинзите? Одамна сме кажале – од плачко, градоначалник не бидува.Но, фактот што Петрески почнува да е во паника заради отпорот на граѓаните на Охрид, кои зачестено го покажуваат, значи само дека многу блиску е неговиот крај, се наведува во реакцијата.

OhridNews