Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска протестираше пртив апсењата на нивни пратеници, функционери и симпатизери кои беа приведени поради насилството во Собранието на 27-ми април, јавува “Макфакс“.
Тие побараа ослободување на притворените и сопирање на судските процеси.
Од пред министерството за правда, Алесандар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ порача дека ова нема да ги скрши и ќе продолжат да протестираат.
„Да ги поддржиме семејствата на нашите браќа и сестри кои што се затворени. Знаеме дека сигурно им е многу тешко, незамисливо тешко, но да издржат во овие тешки времиња затоа што на крај правдата ќе победи. Сето ова ќе заврши“, рече Нацев.
Свои обраќања имаа и Марија Андоновска и Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ кои рекоа дека денеска протестираат пред институцијата која спроведува неправда и побараа од судиите да донесат чесна одлука од која немало да се срамат нивните внуци.
OhridNews
извор: „Макфакс“