ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација и за министерот за здравство, Арбен Таравари. Според опозицијата, тој е најлошиот министер за здравство. „Добро е Таравари да е повеќе на работа отколку на одмор за парите што ги зема. Добро е повеќе да сработи отколку да сурфа по интернет, но очајно е тоа што два ипол месеци нема никаков резултат од неговата работа. Дали бил на плажа или не, дали бил во канцеларија или не, граѓаните не видоа резултат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО ДПМНЕ објаснуваат дека подонеле интерпелација за која треба да гласа секој пратеник без оглед на партиската определба, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од сè. Во Македонија веќе не смее да умираат луѓе поради хаосот кој го создава неспособниот Таравари’, велат од ВМРО-ДПМНЕ.