Денес изнесените обвинувањаб од СДСМ, општинската ВМРО- ДПМНЕ ги оценува како бледи и комплетно дезориентирани по сите основи.
– Очигледно дека господата од СДСМ живеат во време на антивредности кога себеси си дозволиле да испратат соопштение во кое отворено ќе кажат што се требало тие да направат за Охрид, а не направиле. Замислете почитувани граѓани дојде време кога оние кои Охрид го сместија на листата на најзадолжени градови во Европа, а можеби и во Светот, притоа со таквиот стил на работа економски капитулираа многу охридски фирми и поединци кои за да соработуваат со општината како резултат на хипотекарни кредити го изгубија личниот и имиџиот на своите фирми и со тоа Охрид го доведоа пред економски колапс. Тие се истите оние луѓе кои на вработените во јавните претпријатија и на ангажираните лица преку разно разни чудни проекти не им исплатија голем дел од сработените плати. Овие се истите луѓе кои сметаат дека јавните градски паркинг простори треба да ги стопанисува приватна фирма, а при тоа го гледаа тонењето на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека истите луѓе под превезот за чист Охрид, ја создале депонијата „Мауцкер“ нанесувајќи му ненадоместлива економска штета на градот Охрид креирајќи депонија во непосредна близина на централното градско подрачје.
– Овие се истите луѓе кои во текот на својот мандат не купија ниту едно возило за комунална хигиена за ЈП „Охридски комуналец“, иако неколку пати се обидоа да ја задоволат сопствената немоќ со набавка на стари и дотраени возила кои денес се водат како хаварисани во јавното претпријатие. Тоа се истите оние луѓе кои градеа улици исклучиво преку времени ситуации и фактури за наплата, а граѓаните газеа по неуредени улици. Тоа се истите луѓе кои немаа капацитет да ја издадат потребната документација и одобрение за градба на затворен пливачки базен, кои ги “изгубија“ архивските предмети кои се однесуваа на нивното криминално работење, кои не изградија ни еден метар пешачка патека кон „Парк“, ниту еден плоштад, не се грижеа за уличното осветлување, оставајќи клучни инфраструктурни проблеми да ги мачат охриѓани во текот на целото нивно владеење. Истите луѓе кои автобуската која што охриѓани ја користеа во центарот на градот ја заменија со висококатници. Истите овие луѓе никогаш не се одлучија да направат ниту еден проект за доброто на жителите од месните и урбаните заедници односно онаму каде што сегашното локално раководство на чело со градоначалникот Никола Бакрачески секојдневно неуморно работи на реализација на сите ветени проекти пред граѓаните на Охрид, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Потенцираат дека истите луѓе го воделе Охрид исклучиво грижејќи се за бизнис интересите на шест лица и нивните дваесетина фирми полнејќи ги сметките на само точно определен број на охридски хотели и ресторани без оглед дали таквата услуга е извршена.
OhridNews