ВМРО-ДПМНЕ : Продолжува сагата наречена беспредметни соопштенија на СДСМ
25.02.14 15:36
Имајќи ги во предвид напорите на Владата на Република Македонија и на сите засегнати страни во решавање на случајот со фабриката ЕМО, СДСМ на бесполезен начин се обидува да кокетира со одредена категорија на засегнати работници. СДСМ се користи со лаги и манипулации, бидејќи на вработените во ЕМО производство им се исплатени шест редовни плати, а за истиот погон е обезбедена работа за половина од 2014 година, се наведува во реакцијата на општинската ВМРО- ДПМНЕ по денес изнесените обвинувања од ОО на СДСМ во врска со вработените во ЕМО Охрид и можноста за искористување на правото врз основ на законот за стечајните работници.
– Во однос на стечајните работници од ЕМО укажуваме дека сите оние кои ги исполнуваат условите се згрижени согласно законските процедури. Лицемерно е партијата СДСМ да реагира за ЕМО, знаејќи го фактот дека токму директорите од нејзината провиниенција, вклучувајќи го и поранешниот градоначалник Петрески остварија огромни долгови од милионски суми кога беа дел од директорската постава на оваа охридска фабрика, стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека ВМРО ДПМНЕ е партија која се залага за трајно решавање на проблемите во фабриката ЕМО и за изнаоѓање на инвеститор кој по секоја цена ќе ги задржи работниците. Потенцираат дека владата , министрите,пратениците од ВМРО ДПМНЕ одржуваат постојани средби со цел решавање на проблемите.
Секојдневните грижи барем за една вечер остануваат пред врата Во сабота, 24 октомври, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид пристигнува „На терапија со Ананас“ – стендап-шоу со нов мате...
Со длабока почит и гордост денес го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кој е симбол на вековниот копнеж, пркосот и непоколебливата волја на македонскиот наро...
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.