Водостојот на Охридското секојдневно се зголемува и ги загрозува сите крајбрежните објекти. Недозволиво е еден врзан систем на акумулации, да Охридско езеро и Глобочица прелеваат, а во исто време да да имате огоромен празен простор во акумлацијата на Шпиље. Ова укажува на неправилен ангажман на хидроцентралите, рече на денешната прес конференција Горан Чогеља од ВМРО ДПМНЕ.

Притоа, тој презентира графици со производство на електрична енергија по денови на ХЕ „Глобочица“  и ХЕ „Шпиље“ од Нова година до 26.03.2018 година.

– Од графиците се гледа дека ниту Глобочица ниту Шпиље работат со полн капацитет речиси во целиот месец јануари. ХЕ „Шпиље“ има речиси двоен капацитет, дупла е поголема од ХЕ „Глобочица“, но во одреден период произведува дури и помалку од ХЕ „Глобочица“. Истата почнува да работи на максимум дури во втората половина од месец февруари, кога веќе е доцна да се избегне она што ни се случува сега. Празниот простор во Шпиље, е речиси 6 метри во моментов, а заедно со флексибилноста на ХЕ „Шпиље“ за дополнително намалување на котата на езерото, е повеќе од доволно да го прифатат целокупниот вишок на вода во Охридското езеро, рече Чогеља.

Според него, претходното излевање, но и овие кои се случуваат деновиве, ќе се избегнеле доколку раководството на ЕЛЕМ знаело да управува со водниот потенцијал. Повтори дека просторот во акумулацијата во Дебарското езеро е повеќе од доволен да го прифати целиот вишок на вода од Охридското езеро.

Од ВМРО ДПМНЕ со барање до раководството на ЕЛЕМ да гарантира за целосно обештетување на граѓаните, со понесување на одговорност за настанатата ситуација.

OhridNews