Виновникот за тешката финансиска и структурна состојба наследена во Охрид ,СДСМ,  се обидува да побегне од одговорност преку некакви соопштенија.  Половина од содржината од соопштението на СДСМ е и индиректна пофалба и потврда за сегашната Локална самоуправа, за спроведувањето на активни мерки во интерес на граѓаните на Охрид, се наведува во реакцијата на општинската ВМРО- ДПМНЕ во врска со денес изнесеното во соопштението од ОО на СДСМ .

– Локалната самоуправа раководена од  ВМРО ДПМНЕ во Охрид чекор по чекор ги решава и ќе ги решава наталожените проблеми кои СДСМ 8 години не ги решаваше во Охрид. Асфалтирањето на  улиците кои стоеја 8 години неасфалтирани , изградба на плоштади кои 8 години не беа изградени во Охрид , изградба на канализациони и водоводни мрежи кои 8 години СДСМ лажеше дека ќе ги направи , се обврски кои Локалната на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ги сработува и ќе ги сработи во интерес на градот и граѓаните, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека секој масовен собир на граѓаните на Охрид на кои се даваат поддршки на политиките на ВМРО ДПМНЕ,  вклучувајќи ја и поддршката на претседателскиот кандидат и актуелен Претседател на РМ д-р Ѓорѓе Иванов , за СДСМ е  уште една тешка траума,поради што и следела нивната реакција.

– Собирот во саботата беше собир за поддршка и ставање потпис за кандидатура ,со доброволно присуство и позитивна атмосфера. За разлика од тоа собирите  по улици на СДСМ беа насилни  со попишување на списоци  по канцелариите со кои СДСМ им се закануваше на нашите сограѓани вработени во локалната администрација дека мора да излегуваат на улични тнр.протести. Разликата меѓу позитивното кое го носи ВМРО ДПМНЕ и негативното на СДСМ е очигледна. Затоа реакцијата на СДСМ е реакција на безидеен и поразен чинител во Охрид, велат од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

OhridNews