СДС и директорката на ЈЗУ Кардиолошки Завод „Св. Стефан“, веднаш јавно да му се извинат на Д-р Никола Бакрачески и да ја повлечат наложената скандалозна одлука, бараат од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.
– Уште еднаш безмилосно и немилосрдно се згазна на човечкото достоинство, бескрупулозно поигрувајќи се со чувствата и судбината, изложени на милост и немилост на самоволието на раководните структури од партијата на власт. Класичен доказ на безочните реваншистички политики и партиски местенки и чистки на СДС водени по методот „вработување од чистачка до директор“ е прераспределбата на кадрите и организациската поставеност, се наведува во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека за време на раководењето на Д-р Никола Бакрачески во период од 2006 до 2013 никогаш и во ниеден момент не се случило кадрите да бидат вработувани, да бидат именувани или унапредувани на позиции според партиската припадност, туку исклучиво само и само според степенот на своите знаења и квалификации, вештините што ги поседуваат и капацитетот да раководат со одделни одделенија, што воедно се однесува и на добивањето можности за специјализации и супспецијализации, едукации во странство, усвојување нови методи и постапки.
– ВМРО-ДПМНЕ секогаш за вработувањата и распределувањето се водеше согласно постапкта прецизирана со закон каде одлучувачко влијание има просекот на факултет, резултатите од квалификацискиот испит, стручноста, познавањето на странски јазици, постигањата и успесите во професијата и сл. Сже друго кое е надвор од професионалните стандарди и потреби е ирелевантно и нема никакво одлучувачко влијание при ангажирњето на здравствените работници. Вистинското прашање е како се распределуваат вработените во време на СДС- некомпететни кадри, единствено со партиска книшка, каде главен критериум е непотизмот. Така се создаде и белата мафија и така партиските доктори на СДС правеа и повторно ќе прават милиони од маката на болните. Знаењето и вештините никој не може да му ги одземе на Д-р Никола Бакрачески којшто е признаен во светот, а притоа е првиот човек што ја воведе интервентната кардиологија во Охрид, се наведува во реакцијата.
OhridNews












