СДСМ е партијата која го уништи Охрид, која ја загрози иднината на Охрид создавајќи долгови и пустош, се наведува во реакцијата од општинската ВМРО- ДПМНЕ по дописот од ОО на СДСМ.

– Впрочем токму денес пристигна нова рата од нивниот пустош во вид на долг од 1.5 милиони евра. Тоа покажува дека СДСМ го користеше Охрид само за свои лични пирови, богатења на поединци, партиски цели. Од нивното владеење и пир врз Охрид долго ќе се гледаат и трпат последиците. Каква ли неодговорност, ароганција , непочитување кон сограѓаните носат во себе СДСМ кога молчат за овие штети што ги направија кои се со несогледливи последици за иднината на Охрид. СДСМ го уништи најубавиот град во Македонија и го претвори во безнадежен. За разлика од нив ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период прави се да се врати светлината на Охрид, да се врати позицијата на градот, стои во реакцијата.

OhridNews