СДСМ континуирано се обидува со манипулации да го оттргне вниманието од аферите кои постојано се отвраат окулу виоките претставници на нивната парија.
Ако во СДСМ се научени на таков вид на комуникација, тоа е недозволиво да го применуваат кон останатите граѓани, се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, а во врска со обвинувањата на најголемата опозициска партија за притисоци кон вработените жени во Охрид во политички цели од страна на власта.
„Наместо да измислуваат лаги добро ќе беше на граѓаните да понудат програма, тоа се очекува од сериозна и одговорна партија. За жал СДСМ не е таква партија.
Ниту имало, ниту некогаш ќе има притисоци врз членовите на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Унијата на жени е дел од партијата и учествува во формирањето и реализирањето на политикита кои ги застапува ВМРО-ДПМНЕ. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во континуитет е присутна во сите области на живеење, било да е тоа со нашите хуманитарни акции, едукативни трибини и работилници или со нашето присуство на терен меѓу нашите сограѓани обидувајќи се да помогнеме во решавање на секојдневните предизвици со кои сите ние се сооќуваме.“ – се вели во реакцијата.
Од ВМРО ДПМНЕ уште додаваат дека времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ниту некогаш поминало, ниту некогаш ќе помине.
„Напротив тоа е време во кое се спроведуваат најголемите реформи во поновата историја на Македонија, време во кое се привлекуваат најголемите странски инвестиции за вработување на младите луѓе во државата, време во кое се градат најголемите инфраструктурни проекти, автопатишта, регионални патишта, водоводи и канализација, нови училишта и градинки, време во кое земјоделците добиваат најголеми субвенции, а младите преку проектите “Купи куќа, купи стан“ и можат да го решат своето станбено прашање, да формираат семејство и да придонесат во понатамошниот општествен развој.“ – стои во реакцијата.
Во неа уште се наведува дека поминало едно друго време, времето на Бранко Црвенкоски и СДСМ со транзицијата и најголемата кражба на македонските граѓани преку криминалната приватизација.
OhridNews