Општина Охрид е типичен пример за раководењето и работата на СДСМ, оставајќи зад себе долг од речиси 40 милиони евра и превработена локална администрација која е пет пати поголема од европскиот просек на локални администрации, се вели меѓу другото во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, која денеска ја обвини владејачката партија дека врши политичка чистка во училиштата во Охрид и Дебрца.

– СДСМ ја користеше локалната самоуправа во Охрид за да ги вдомува партиските војници, наместо да обезбеди услови за инвестирање и отворање на работни места. СДСМ во изминатите години вработиле над 160 лица со договори на дело, што уште повеќе го оптовариле буџетот на општината чија сметка со години е блокирана, стои во во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму уште додаваат дека единствено што СДСМ успева да прави е да ги вработуваат своите послушници и да ги задолжуваат граѓаните без притоа да реализира ниту еден значаен проект.

OhridNews