СДСМ нема кредибилитет да зборува за образованието затоа што целосно го наруши угледот и достоинството на просветните работници во Охрид. Ова се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ на реакцијата на владејачката СДСМ по повод активностите на лидерот на најголемата опозициска партија при неговата неодамнешна посета на Охрид, во чии рамки тој се сретна и со просветните работници.

Реалноста зборува дека маските на СДСМ се разоткриени од страна на просветните работници.
Дали СДСМ е на правиот пат затоа што згаснува Филмската академија во Охрид?
Зошто ги нема ветените спортски сали во основните училишта „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Братство Единство“ во Лескајца и средното училиште „Ванчо Питошески“? Каде е регионалниот центар за обука во Трпејца?
Кога имаме компјутеризација и дигитализација замислете СДСМ предлагаше да се укинат постоечките факултети за компјутерска наука и инжинерство на УИНТ „Апостол Павле“. – стои во соопштението.

Наместо мотивирани наставници и покачување на платите во образованието согласно Колективниот договор, Владата на СДСМ им скрати од платата на наставниците по 5600 денари месечно, обвинува ВМРО ДПМНЕ. Ветија и излажаа дека ќе има избор на најдобри училишта и награди за вработените во тие училишта со 20% повисока плата во наредните 12 месеци. Просветните работници знаат дека СДСМ со Закон воведуваат национално тестирање, наместо екстерното тестирање. Законот за основно образование не се спроведува, а сосема е нефункционален новиот Закон за високо образование, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид. Од партијатра уште велат дека доколку ја освојат власта на претстојните избори ќе инвестираат една милијарда евра во образованието.

OhridNews