„Вистината и отчетноста е потребната доблест и политичка култура која треба и мора да ја имаат сите политички партии. Но за жал очигледно e дека тоа недостасува кај политичкиот опонент СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија, партија која секогаш се потпира на факти и проверени податоци. Ваквиот принцип на работа е доследен и секогаш е во интерес на граѓаните.“ Ова беше истакнато на днешената прес конференција на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
-На неколкуте прозивки од наша страна кон СДСМ и барањето за отворена политичка конфронтација со бројки и факти, од другата страна не наидовме на никаков одговор. Сепак, тематиката за безразумното трошење на народни пари од страна на СДСМ за време на нивното владеење во Охрид нема да заврши со нивното немо негирање, туку напротив со обелоденување на нивното недомаќинско работење, потенцираа членовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив во периодот на владеење на СДСМ, општина Охрид трошела неразумни средства за горива и масла.
-Дали во периодот од 2005 до март месец 2013 година за горива и масла на оптшина Охрид се потрошени огромни неразумни суми на средства и тоа: За 2005 година-425.003 денари; За 2006 година-1.404.271 денари; За 2007 година-857.525 денари; За 2008 година-1.571.798 денари; За 2009 година-1.109.800 денари; За 2010 година-1.019.441 денари; За 2011 година-505.199 денари; За 2012 година-1.844.563 денари и за 2013 до 04.04.- 56.850 денари, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму нагласија дека ваквиот принцип на недомаќинско трошење на парите на граѓаните и вртоглавите осцилации од година во година е само пример за неразумноста која преовладувала низ осумте години на СДСМ.
-Господо од СДСМ еве ви можност да спроведете отчетност кон граѓаните на Охрид и да кажете зошто и на кој начин се потрошени огромни суми народни пари. Воедно апелираме и укажуваме дека ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Охрид и пошироката јавност се во исчекување на одговори на веќе претходно поставените прашања за потрошените репрезентации за периодот од 2005 до 2013 година. И додека на трагикомичен начин обвинувате за монотоност во пресовите, доблесно е да дадете поопширен одговор на веќе поставените прашања, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
OhridNews