На СДСМ им пречи тоа што со Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков се инвестира во образованието и се создаваат добри услови за работа за учениците и наставниците. Ова стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, а во врска со квалитетот на  реконструкцијата на охридска гимназија.

Лицемерни душегрижници од СДСМ, немате никакво право да зборувате за културно-историските споменици кои ги доведовте до уништување и распаѓање. Од една страна укинувате паралелка во Гимназијата, а од друга страна глумите лажна загриженост за градежните зафати во училиштето, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Според оваа партија, СДСМ со  катастрофално раководење ја разнебитило Гимназијата и сега неосновано критикува за столбовите и оградата.

Целосната реконструкција на Гимназијата е доказ за вашето неработење и дека ништо не сте сработиле за 4 години додека бевте локална власт и речиси 8 години што сте централна власт. Кажете барем една работа што сте ја направиле за Гимназијата? Вие, кои додека бевте на власт, училниците ви прокиснуваа и ви се урна дел од таванот.
Вие, кои излажавте за реконструкција на подовите и кратевте средства за санација на покривот во Гимназијата. Фотографиите го покажуваат срамот кој го оставивте за Гимназијата, затоа сега таа го добива најдоброто што го заслужува, се вели во соопштението.

OhriNews

СДСМ Охрид: ДПМНЕ, дали столбовите на оградата од охридската гимназија изобилуваат со стиропор!?