Да се биде Потпретсеател на ВМРО ДПМНЕ е огромна чест и голем предизвик, вели во изјава за OhridNews Александар Николоски, кој деновиве беше избран за еден од тројцата потпретседатели на најголемата опозициска партија.
„Пред нас се големи предизвици, партијата мора да учи од минатото и да се подобрува за иднината. Тоа што беше добро треба да го продолжиме и надградиме, а од тоа што беше погрешно да се извлечат поуки, да не се повторат грешките. ВМРО ДПМНЕ се наоѓа во исклучително тешки моменти, затоа што во тешки моменти е и Македонија. Несериозниот однос кон клучните национални прашања, целосното непознавање во економијата, прогонот на неистомислениците и притисокот врз правосудниот систем и слободоумната јавност од актуелната Влада на СДСМ и коалицијата се работите на кои силно мора да се спротиставиме. Во следниот период ќе создадеме политики кои ќе ја одразуваат реалноста, но и желбите на македонскиот народ во каква Македонија сака да живее, ние сме партија на народот и секогаш ќе го слушаме неговиот глас. За тоа да се постигне потребно е и силно партиско реорганизирање, силни месни и општински комитети се срцето на партијата, треба да се препознаат слабостите и да се работи на нив, треба и да се наградат успесите и да се стимулираат. Патот нема да е лесен нити краток, напротив, но можам да ви ветам многу работа, лична посветеност, жртва и пример и секогаш држење до идеалите и принципите. Демократско, народно и европско ВМРО ДПМНЕ е нашата цел!“ – изјави Николоски.
ВМРО ДПМНЕ деновиве го избра новиот состав на Извршниот комитет во кој член е и претседателот на ОК ВМРОД ДПМНЕ Охрид Кирил Пецаков.
„Континуираната работа во партијата од најмали нозе до ден денеска, посветено, чесно и искрено ме донесе денеска да бидам официјално дел од новиот ИК НА ВМРО ДПМНЕ, што ме прави особено горд и среќен, а воедно ми претставува чест и предизвик да бидам дел од тимот на Претседателот Христијан Мицкоски! Честитки и за изборот на сите ченови на ИК на ВМРО ДПМНЕ! Македонија била и останува нашата единствена заложба! МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ!“ – напиша на фејсбук непосредно по изборот Кирил Пецаков.
OhridNews













