ОК на ВМРО ДПМНЕ  – Струга, ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на ПЕИ, Фијат Цаноски.

-За одлуката веќе е запознаено членството, а истата јавно ќе биде објавена можеби уште денеска, ни изјави Славко Котески, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ. Тој рече дека веќе два дена општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ соработува со изборниот штаб на Фијат Цаноски.

Претходно, раководството на  ВМРО ДПМНЕ во Скопје објави дека партијата постигнала договор за меѓусебна поддршка во вториот круг од изборите со ДУИ во повеќе градови, меѓутоа не и за Струга.

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Струга во првиот круг освои околу 7.000 гласови, кои можат битно да влијаат на конечниот исход во трката за градоначалник што ќе се води помеѓу Рамиз Мерко од ДУИ и Фијат Цаноски од ПЕИ. Тие двајца водат жестока кампања, а поради тешките меѓусебни обвинувања во Струга деновиве е засилено присуството на специјалната полиција.

OHRIDNEWS