Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ преку реагираше на соопштението на СДСМ.
-Драго ни е што луѓето од кликата на СДСМ се нафатиле да сликаат депонија, но искрено жалиме што повторно им е активна селективната меморија. Она што тие го сликале е всушост наследството на Локалната самоуправа од СДСМ и нивниот градоначалник и директор на ЈП Комуналец. За се што тие направија за Охрид и охриѓани сведочат кривичните пријави и обвиненијата за раководните лица на бившиот градоначалник и СДСМ. Судејќи по изборот на раководството на партијата, нивните идеи за одговорно, легално и чесно работење од тогаш до сега воопшто не се сменети, стои во соопштението.
Во него се потенцира дека власта на ВМРО ДПМНЕ се што ветува остварува.
-Сакаме длабоко да им се извиниме на луѓето од кликата на СДСМ што упорно се што планираме – го остваруваме. Знаеме дека со ваква власт е ѓаволски тешко да си опозиција. Но ние поинаку и не знаеме да функционираме. Почнува да претставува сериозен проблем како да се нападне ВМРО – ДПМНЕ, Владата и Локалната самоуправа кога, на крај, се што ветивме – остваривме или е во фаза на остварување. Проблем се успесите на Владата и новите странски инвестиции кои за Охрид и охридско ќе значат нови фабрики, нови 2500 вработувања и финансиска сигурност за граѓаните. Проблем се сите огромни капитални проекти на Локалната самоуправа, кои досега ќе беа готови ако 50 милиони евра на граѓаните на Охрид не завршеа во џебовите на опозиционите функционери, мецени и олигарси. На крај, проблем за нив е и напредокот на Охрид, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму упатија благодарност за досегашната соработка, за коректниот и професионален однос и за објективното известување охрабрувајќи ги да продолжат со објективно, искрено, чесно информирање, онака како што доликува на вистински креатори на јавното мислење.
OhridNews