Оние кои што го уништија, задолжија и растурија ЈП „Билјанини извори“, му направија долгови со неколку десетици милиони денари, ги вработија своите партиски војници, сега истите тие излегуваат во јавност со душегрижнички ставови за правноста во работењето на ЈП Билјанини извори, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ по изјавите на ВМРО- НП околу започнувањето со наплата на паркинзите од страна на  ЈП „Билјанини извори“.

–    ВМРО НП пред се треба да даде одговори на прашањата:Каде беа да се грижат додека ЈП Билјанини извори пропаѓаше, зошто не реагираа кога го задолжуваа јавното претпријатие, и впрочем зошто ги поддржуваа одлуките за давањето на паркинзите на јавното претпријатие на приватни лица кои имаа голем профит на сметка на граѓаните и туристите на градот Охрид?, се наведува во реакцијата од ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму, потенцираат дека актуелниот менаџмент на ЈП Билјанини извори и Локалната самоуправа ќе го почитуваат Законот и сите одлуки ќе се носат во рамки на законскит епрописи.

–    Борбата на ВМРО ДПМНЕ, Локалната самуправа и Јавното претпријатие Билјанини извори продолжува со чесно и одговорно работење пред и над се во интерес на граѓаните, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews