– Претседателот на совет природно и припаѓа на коалицијата „Заедно за Струга“ како најбројна и најмоќна советничка група во советот на општина Струга.На тој начин градоначалникот ќе покаже респект и ќе упати силна порака за соживот и толеренација на овие простори. Ниту можат да се занемарат 15. 500 гласови кои гласале за оваа коалиција,ниту пак може да се занемари 40% удел што оваа коалиција го има во струшкиот совет, велат од ВМРО- ДПМНЕ Струга.
Оттаму додаваат дека место за разговори и преговори може да има,но не и за местото претседател на совет.Според партијата, тоа треба и мора да и припадне на коалицијата “Заедно за Струга”.
– Најсилниот политички субјект не смее да биде игнориран во Советот на Струга и во општината воопшто , особено затоа што тоа ќе значи дискриминација по етничка основа и ќе биде во спротивност со рамковниот договор, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека од страна на коалицијата „Заедно за Струга“ на последно одржаната седница на советот била покажана добра волја, гласајќи за предлог одлуката, улиците „Пролетерски бригади“ и „15 Корпус“ повторно да бидат двонасочни.
– Советниците од коалицијата покажаа чувство за разбирање и гласаа за таа одлука.Доколку гласавме воздржано или против, тогаш таа одлука немаше да помине. Оваа е прва и последна точка што коалицијата ја гласаше од добра волја. Доколку не бидеме сериозно сватени и не биде позитивно одговорено на нашите барања, тогаш градоначалникот ќе треба да си најде советници да му ги гласаат неговите точки, велат од ВМРО- ДПМНЕ Струга.