Слободни, фер и демократски избори ќе има Не станува збор за никаква еднострана одлука за распуштање на Собранието бидејќи договорот од јуни и јули, на кој е потпишан лично Заев, предвидува избори на 24 април 2016 година. Дополнително, Собранието, со гласовите на сите партии, вклучително и на СДСМ, го донесе Изборниот закон, во кој е дефиниран изборниот датум токму за 24 април 2016 година. Ова го изјави Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, по најавите на лидерот на СДСМ дека избори на 24-ти април нема да има. Тој посочи дека три од четирите големи партии се за избори на 24 април 2016 година, а всушност еднострана е само одлуката на СДСМ против овие избори, за кои претходно дадоа јасна согласност.

-Да биде јасно за граѓаните, Државната изборна комисија веќе има утврдена методологија за прочистување на избирачкиот список. За таа методологија гласале сите членови на ДИК, вклучително и членовите кои во ДИК се избрани по предлог на СДСМ. Трите партии, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА веќе одамна ја прифатија оваа методологија. Ако СДСМ денес ја прифати методологијата ДИК ќе може уште веднаш да започне со прочистување на избирачкиот список. Секое одложување и пазарење е свесно правење на проблеми со цел политичката криза да се оддолжи и да ескалира. Тоа е стратегијата на СДСМ. Стратегија која е спротивна на интересите на граѓаните на Република Македонија. – рече Димовски.

Тој додаде сека ВМРО-ДПМНЕ, веруваме во исправноста и точноста на избирачкиот список и е сигурна дека не постојат никакви фантомски гласачи.

-Ако Заев мисли дека дека има фантомски гласачи, сега има контрола и над ДИК и над МВР па слободно нека истражува и нека прочистува. Ден поскоро. Нека ја прифати методологијата која ја изработи овој ДИК и нека започне прочистувањето уште денес. Срамно е да условува и да се пазари со оваа методолигија, а кај него е можноста сам да провери и да прочисти. – истакна Димовски.

Тој рече дека Зоран Заев работи на понатамошна дестабилизација на државата со намера да предизвика хаос. , но граѓаните на Македонија се против таквата деструкција и јасно ќе му дадат до знаење на Заев дека се против тоа да живеат во нестабилна држава. 

OhridNews