Откако од СДСМ посочија дека однесувањето од градоначалникот Кирил Пецаков било скандалозно и крајно неодговорно и побараа одговорност, од ВМРО-ДПМНЕ со реакција дека случајот е фабрикуван. Велат, ќе има одговорност за клевети.

СДСМ дефокусира од фактот дека со нивната неспособност убија 8 илјади луѓе, порано беше Наќе крив, сега Пецак им е крив. Ова е истото СДСМ, чиј што претседател Заев и министер Филипче преговараа за провизии од вакцини, на кои луѓе им умираа за кислород, им се палеа болници и луѓе живи гореа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека градоначалникот Пецаков се тестирал на 19 Јануари поради патување, а се изолирал веднаш откако го добил резултатот.

Градоначалникот Кирил Пецаков на 19 јануари направил тестирање за КОВИД за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал. Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен. И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека во  наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета. Како што посочуваат, СДСМ фабрикува случај каде што нема, a одговорност ќе има за сите кои што биле инволвирани.

Претходно, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција побара Пецаков да одговара за непочитување на протоколите и свесно ширење зараза, а го повика и лидерот на партијата Христијан Мицкоски да даде одговор дали ќе побара одговорност од Градоначалникот.

 

 

OhridNews