Ве уверам дека на Дебрца мора да и се врати некогашниот сјај. Живеејќи и делувајќи во Дебрца, добро ги имам протолкувано проблемите со кои се соочува целата општина. Но исто така имам соодветни решениjа за секој проблем и сосема нови проекти. Во искрена и чесна соработка со институциите и Владата на РМ, ќе се спроведуваат низа потребни проекти и зафати, од инфраструктурата, стопанството, индсустријата, земјоделството, културата, спортот и туризмот.“ – им се обрати вечерва пред присутните во село Оровник, кандидатот за градоначалник на општина Дебрца од редовите на владеачката ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски.

Тој во свето обраќање, истакна дел од проектите предвидени во програмата за општина Дебрца. 

Отворање на индустриска зона, урбанизам на целата општина, изградба на оровничка плажа, претворање на Слатинско Езеро во балканска риболовна туристичка атракција. Отворање на откупен пункт за земјоделските производи. Изградба и реконструкција на водоснабдувачките системи. Изградба на локални објекти, на системи за одредување на отпадни урбани води и посебно внимание спрема младите во однос на образованието. Мојот личен кредибилтет го  ставам како залог пред сите вас, за да докажам дека Дебрца ја носам во своето срце и душа.“ – истакна Трајковски.

Пред бројните присутни на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во с.Оровник, се обрати и членот на Извршниот комитет на владеачката партија, Александар Николоски, кој потенцира дека ветувањата во програмата се со конкретни рокови кои се остваруваат.

Како ниту една политичка партија во РМ, ВМРО-ДПМНЕ на избори излегува со програма и се обидува со сиот свој капацитет таа програма да ја реализира. Тука ветивме локален пат, локален пат се изгради. Тоа е даден збор, тоа е одржан збор. За кандидат за градоначалник имаме чесен човек, образовен човек, кој во својата професионална кариера покажал дека знае да работи и да остварува дела.“ – изјави Николоски.

Тој меѓу бројните проекти предвидени за општина Дебрца, ја посочи реконструкцијата на основните училишта во Оровник и Требеништа, бесплатен интернет во сите образовни институции, стипендирање  на најдобрите  ученици, проекти во делот на спортот, информатиката, донесување урбанистички планови, уредување на депонијата и продолжување на политиката на субвенционирање.

Оваа година субвенциите изнесуваат 135 милиони евра за македонските земјоделци. 6 милиони во време на СДСМ, 135 милиони во време на ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на земјоделието, продолжување на проектот за давање со 50 проценти дисконт на земјоделската механизација, за да можат земјоделците што полесно да ги обработуваат своите површини.“ – додаде Николоски.

На митингот кој се одржа во препознатлив амбиент, се обрати и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Дебрца,  проф. Ѓорѓи Скепароски.

Како носител на советничката листа заедно со останатите кандидати за советници на општина Дебрца, максимално ќе се залагаме за исполнување на целокупната програма предложена од нашиот кандидат за градоначалник, Игор Трајковски, а подржана од најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Реализирајќи ја оваа програма, ќе создадеме една модерна европска општина во која што благодетот ќе го почувствуваат сите жители. Нашите политички противници треба да дадат отчет за тоа што го сработиле во изминатиот период, но тие немаат доблест да го сторат тоа затоа што ништо не сработиле. Гласајте за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што она што го ветуваме тоа го исполнуваме.“ – истакна Стефаноски.

На денешниот митинг во с. Оровник, беше претставена и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од Скепароски. На неа се најдоа  Јонески Љупчо, Паункоски Даниел, Трпческа Жаклина, Ристоски Даниел, Смилевски Јован, Суклоска Билјана, Паланоски Јован, Стефаноска Даниела, Чалдрвоска Кристина и Дуклески Владо.

O.T.