ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во комисии кои треба да обезбедат селективна слобода само за оние кои учествуваа во гласањето за потреба за уставни измени произлезени од договорот со Грција, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

  • Затоа ќе поднесеме предлог закон за амнестија за сите инволвирани во случувањата за 27-ми април и власта доколку е за вистинско помирување и правда за сите, истиот предлог ќе го прифати. Текстот на овој предлог закон ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе на разгледување до сите парламентарни партии, рече Стоилковски.

ВМРО–ДПМНЕ пред неколку месеци најави поднесување Закон за амнестија за сите инволвирани во случајот од 27-ми април.

OhridNews