Портпаролот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Јованчо Секулоски, денеска на пладне пред партиските простории ќе даде изјава за медиумите.
Од центарот за комуникации на партијата информираат дека вечерва од 20:30 часот во населбата Видобишта на локацијата на спортското игралиште кај Стобекс, Изборниот Штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ќе одржи митинг за граѓаните од Видобишта, 15ти Корпус и Илинден.
Учество ќе земат кандидатот за градоначалник, Кирил Трендафилов – Нанче, носителот на листата за советници, Борис Стефаноски, кандидатите за советници на оваа листа и пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Ohridnews











