Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески ниту реализира сообраќајни решенија, ниту реконструира улици. СДСМ и Георгиески не овозможуваат услови за безбеден и динамичен сообраќај, обвинуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.

  • Власта на СДСМ и покрај тоа што ги тргна од реконструкција улиците „Македонски просветители“, „Абас Емин“ и „Јане Сандански“ за сметка на улицата „АСНОМ“ сепак целосната реконструкција на истата остана недовршена. Граѓаните имаат право да знаат за што се искористени предвидените 8.800.000 денари за реконструкција на улицата „АСНОМ“ кога истата остана недовршена?, прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека скоро половина година тротоарите стојат нечепнати, граѓаните се револтирани, а градежните работи не се завршени иако требало да завршат во рок од 60 дена.

  • Според СДСМ и градоначалникот Георгиески завршено е сѐ и граѓаните треба да се задоволни затоа што им е средена улицата „АСНОМ“, па да си молчат во 2020 година иако не е завршена целосната реконструкција на улицата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews