
-ВМРО ДПМНЕ секогаш застанувала и застанува единствено на страната на законитоста, почитувањето на законските норми и однесувањето во секоја од институциите. Впрочем битката за законитост и битката против злоупотребите на власта кои во енормен број се случуваа од поранешната власт на СДСМ и коалицијата во Охрид , беше препознаена од сограѓаните на 24 март оваа година. Ние продолжуваме со таквата битка водени од мотото дека со злоупотребите и беззаконието нема компромис.-се вели во соопштението.
ВМРО ДПМНЕ смета дека јавноста мора да биде информирана за злоупотребите кои, според оваа паритија, ги правела минатата власт на СДСМ и коалицијата на штета на Охрид, кој бил оставен во економски и административен хаос, како и за злоупотребите кои одредени членови на Советот на Општината од поранешното мнозинство, а сега во опозиција, ги правеле за лична корист или корист за свои бизниси или свои блиски роднини, а сето тоа на штета на Општината.
– Сето во меѓувреме се само обиди за затскривање и избегнување на одговорност на СДСМ кој го уништи Охрид и на функционери на коалицијата на СДСМ за кои практикувањето на власт во Општината беше гледано само низ призмата на личен интерес. – стои ,еѓу другото во соопштението на Прес центар на ВМРО ДПМНЕ Охрид.











