Одлуката за легализација на 114 бесправно изградени објекти во Охрид, што синоќа ја донесе Советот на општина охрид и локалната самоуправа, е незаконска, соопшти ВМРО ДПМНЕ, чии советници не учествуваа на продолжението на 60-та седница, последна во овој состав на советот, што се одржа доцна синоќа.
-И покрај дописот на Државната Комисија за спречување на корупцијата од 28.02.2013 во кој за точките на седницата на 1.Март јасно стои дека “ истите да не се разгледуваат и усвојуваат затоа што се спротивни на режимот што произлегува од одредбите од Законот за спречување на корупција.Тие одредби важат се разбира за сите општини во Република Македонија. Непостапувањето по ова барање ќе значи можност за отворање постапки поради прекршување на Законот како и ставање вон сила на одлуките кои би се донеле, а кои би биле против законити“, Петрески и мнозинството се дрзнаа да промовираат безаконие и да им наштетат и на Охрид и на заинтересираните и сега измамени граѓани.-се вели во соопштението.
Спорд ВМРО ДПМНЕ велат дека синоќената одлука на советот е криминална, за што одговорност сносатградоначачникот, СДСМ, ВМРО Народна, НСДП и останатите од мнозинството во Советот на Општина Охрид.
–Со гласањето против законот, 13-те советници од мнозинството во овој Совет всушност го завршија мандатот како што и го почнаа,со узурпација на демократијата,со пазарења и со безззаконие. Нивните имиња ќе останат засекогаш симболи на корупцијата и така ќе бидат обележани во политичката свест на Охрид. Со гласање против законот Петрески на крајот го потврди своето криминално владеење промовирајќи ја корупцијата и беззаконието во Охрид.-стои меѓу другото во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.