Историјата на Струга не започнува со овој градоначалник.Градоначалничкото место кое Бранко Црвенкоски му го “продаде” на маса во 2004 година ,не му го дава правото да ги менува имињата на улиците по негова желба затоа што не му се допаѓале и да ги замени со имиња на луѓе кој сме сигурни дека ќе бидат спорни за мнозинството граѓани на Струга, но спорни и за нашето културно историско минато, велат од општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Струга.
Оттаму додаваат дека ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи поделба според национална верска и етничка припадност на улиците, а преку советот на општина Струга и преку владата на Република Македонија користејќи ги законските нормативи нема да дозволи да се спроведат вакви штетни одлуки.
– ВМРО ДПМНЕ преку советот на општина Струга ќе го искористи правото кое му го дава законот за определување на имиња на улици ,плоштади и др објекти и нема да дозволи да се нарушуваат чувствата на граѓаните на Струга. Имено во законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти стои: “Определување име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект на подрачјето на општината се врши со одлука донесена од советот на општината. Одлуката се усвојува со мнозинство гласови од присутните членови на советот на општината, при што мора да има мнозинство гласови од присутните членови на советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинско население во општината, потенцираат меѓудругото од струшката ВМРО- ДПМНЕ.
Додаваат дека градоначалникот на Општина Струга мора да знае дека согласно законот не може да се определи име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект со кое се нарушува угледот на Република Македонија, се навредуваат националните чувства на граѓаните на Република Македонија и на граѓаните на други држави, како и се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал. Во едно населено место две и повеќе улици не можат да имаат исто име. Доколку името на улицата се определува само со број, две или повеќе улици во исто населено место не можат да имаат ист број. Името на улицата не може да има повеќе од четири збора.
Додаваат дека на улиците во Струга им се потребни асфалт,атмосферска канализација,тротоари,решавања на хаосот.
ВМРО ДПМНЕ ги повикува граѓаните на општина Струга да ги повикаат советниците кои во изминатиот период подржале одлуки спротивни на интересите на Македонците, да не подлегнуваат на притисоци и нивните одлуки да бидат во интерес на градот.












