Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Струга, Мирче Аџиоски, на прес конференција обвини за, како што рече, низа немили настани во областа на образованието. Аџиоски обвини за малтретирања, вознемирувања, деградирања, казнувања и бркање од работа на наставници кои не се истомисленици на актуелната власт.

  • Преку своето „владеење“ в.д. директорката на ООУ ,,Јосип Броз Тито“, кадар на СДС, креира само еден силен раздор помеѓу наставниот кадар во ова училиште, покажа  десктруктивност од невидени размери, создавајќи нетрпение и непријателство во колективот. Воопшто не води грижа за основата и фундаментот на воспитно- образовниот процес и неговата главна цел, а тоа се нашите деца, нивниот раст и развој. Го остварува единствено нејзиниот интерес, а тоа е газење и тргање од патот, на се што не е член на СДС и поставува свои кадри, заборавајќи притоа, дека истата доби Решение за работа од луѓето врз кои сега се ижживува, од нејзините неистомисленици. Сличен случај на овој се и другите училишта во општината каде што СДС ја наметнува својата деструктивна власт, рече Аџиоски.

Аџиоски со слични обвинувања и за директорката на ООУ „Браќа Миладиновци“.

– Иако директор од редовите на ДУИ, сепак ги  спроведува суровите и немилосрдни одлуки на кадровата политика на СДС, не размислувајќи за последиците кои ги остава зад себе. Тоа се нејзини колеги на кои им се одземени часови, избркани од работа и оставени на улица, со работен стаж од над 10 и 15 години. Пред се, колешка- самохрана мајка, крајно нечовечки, оставена без работа, без нималку грижа на совест за тоа што го прави. Какво срце треба да имаш, директорке, за да оставиш, своја колешка, мајка на 2 деца, на улица? Или пак колега, кој до вчера бил пример за сите други? Нехумано, крајно дрско и немилосрдно!, вели Аџиоски.

Тој наведе слични состојби и во СОУ ,,Нико Нестор“ и СОУ,,Ибрахим Темо“. Според Аџиоски, учебната година во Струга започнала во невиден хаос.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, најостро го осудува овој начин на директорување во овие училишта во општина Струга и апелира до градоначалникот, Рамиз Мерко, да побара целосна одговорност од директорите.

OhridNews