Зијадин Села ја турка општината во нови избори за советници кои според нашите анализи ништо нема да променат во структурата на новиот совет, туку ќе донесат само трошоци за општината и граѓаните, изјави претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ – Струга, Перо Петкоски.
Како што потенцира Петкоски, ова се должи на последната одлука за смена на директорското место во детската градинка „8-ми март“, која според него е незакоснки направена од градоначалникот на Струга, Зијадин Села.
„После незаконската смена на директорот на ОУ „Гоце Делчев“ во Подгорци, сега законот се крши и во градинката „8-ми март“. Таму се поставува в.д. директор, иако управниот одбор со 2/3 мнозинство донесе одлука за друго лице.“ – потенцира Петкоски.
Тој додаде дека со оваа постапака, струшкиот градоначалник докажува дека не е спремен да ги вклучи Македонците во локалната власт.
„Коалициата „Заедно за Струга“ е подготвена за нови избори. Ние како коалиција на неколку наврати подадовме рака за договор, со цел Советот да проработи и општината да оди напред. Дури покажавме и поддржавме една одлука која беше изборно ветување на градоначалникот, само да покажаме добра волја. Но со оваа последна незаконска одлука, тоа паѓа во вода.“ – додаде Петкоски.
Според О.К. ВМРО-ДПМНЕ -Струга, доколку во рок од 3 месеци не се свика седница на Советот, според законот за локална самоуправа може да се распушти Советот.
O.T.