Во врска со последните обвинувања од ВМРО- НП, од општинската ВМРО- ДПМНЕ со објаснување дека спроведеното тестирање за администрацијата било во целост легитимно.

– Го положија и осум луѓе кои беа вработени во времето на Петрески. Доколку Народна партија укажува и напаѓа за нивните пулени кои не успееја да ги поминат задолжителните тестови, тогаш можеме да им кажеме дека т.н Народна партија располага со кадар кој не ги задоволува основите  за  да се биде дел од локалната администрација, се наведува во реакцијата од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

Оттаму, додаваат дека ВМРО ДПМНЕ и Локалната самоуправа, предводена од градоначалникот секогаш се базира врз факти, и дека спроведувањето на напредокот и реализацијата на ветените проекти е со динамично темпо.

Потенцираат дека во иднина личните навреди и заканувања од страна на политичките опоненти кон челните луѓе на ВМРО ДПМНЕ и Општина Охрид, ќе ги игнорираат поради тоа што ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески се насочени кон народот и нивните потреби.

OhridNews