– На тој начин тој ги навредува сите оние 15 500 македонци кои излегоа на овие избори и гласаа,а уште повеке не ги почитува ниту оние 8000 македонци кои живеат во градот Струга наспроти 3000 македонски албанци. Со овој свој прв потег Села дава јасна порака како ќе ја раководи општината Струга во наредниот период. Ако сакаше барем и малку да покаже европски манир и демократска широчина, тогаш барем на местото на разрешените македонски раководители да поставеше повторно македонски кадри, или кадар од друг етникум, велат од ВМРО- ДПМНЕ Струга.
Оттаму додаваат дека поставувањето на ВД директор на ЈП Комунално Струга од редот на албанците, како што тврдат од ВМРО- ДПМНЕ, близок сопартиец на градоначалникот, е потврда дека Села ќе ја продолжи непринципиелната политика која во изминатите години ја водел екс градоначалникот Рамиз Мерко, базирана исклучиво на етничка основа.
– Во локалната власт според нас и според сите демократски критериуми и принципи треба да учествуваат сите чинители во општествениот живот во Струга,бидејки само на тој начин можеме сите заедно да допринесиме за една подобра и поубава Струга. Овај гест на Зијадин Села треба да го загрижи мегународниот фактор кој очигледно и не пројавува некој посебен интерес за случувањата околу бркањето на етнички македонци од локалните институции во Струга и Кичево, велат од ВМРО- ДПМНЕ.
Додаваат дека за последните случувања и постапки на градоначалникот Села ќе го информираат ОБСЕ и странските амбасади во земјава, потенцирајки им дека Струга е мултиетничка средина и како таква треба да функционира, а идната локална самоуправа, мора да ги почитува сите етнички заедници кои живеат во неа.
Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ информираат дека ќе ги преземат сите институционални механизми за да го спречат однесувањето на градоначалникот Села.