На седницата одржана вечерва, ИК на ВМРО ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.  Меѓу нив е и актуелниот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков кој и официјално ќе трча за втор мандатна локалнитеизборишто ќе се одржат оваа есен.

 

Партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои сепредлагаат, изјави Ѓорѓија Сајковски по седницата на ИК на ВМРО ДПМНЕ.

 

Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато тестот на граѓаните, во изминатите 4 години, а тоа го потврдуваат и анкетите.

Затоа ИК утврди и ги предложи следните кандидати:

1. Аеродром – Дејан Митески

2. Бутел – Дарко Костовски

3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски

4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски

5. Штип – Иван Јорданов

6. Велес – Марко Колев

7. Свети Николе – Дејан Владев

8. Карбинци – Виктор Паунов

9. Градско – Киро Нацков

10. Кавадарци – Митко Јанчев

11. Гевгелија – Андон Сарамандов

12. Зелениково – Коста Маневски

13. Илинден – Александар Георгиевски

14. Конче – Златко Ристов

15. Делчево – Иван Гоцевски

16. Ново Село – Ѓорге Божинов

17. Василево – Славе Андонов

18. Босилово – Ристо Манчев

19. Берово – Петар Ружински

20. Петровец – Борче Митевски

21. Битола – Тони Коњановски

22. Охрид – Кирил Пецаков

23. Вевчани – Спасе Кочовски

24. Брвеница – Јовица Илиевски

25. Јегуновце – Димитар Костадиновски

Сите кандидати предложени од ВМРО-ДПМНЕ водат 4, а во некои општини 5:1# додаде Сајковски.

Според него, сите кандидати ги исполнуваат сите квалитети за градоначалник, се работи за чесни, одговорни, работни и експедитивни луѓе.

Сакам да нотирам дека се одвиваат и внатрепартиски избори за советници, преку Месните комитети и Општинските комитети, истовремено и граѓаните кои не се партиски определени слободно можат да се вклучат да даваат свои предлози за советници, рече Сајковски.

Г.М.