Најавената изградба на велосипедската патека Охрид – Свети Стефан ќе се реализира, тврдат од ВМРО ДПМНЕ, обвинувајќи ја советничката на Живка Ангелоска од СДСМ за пласирање невистини.
- Велосипедската патека Охрид – Свети Стефан останува во Програмата за развој на уредување на градежно земјиште, и токму 500.000 денари се предвидени за изработка на техничка документација на проектот кој потоа треба да премине во следна фаза на реализација. За волја на вистината СДСМ и Ангелоска никогаш нема да разберат што значи изработка на проект, подготовка на документација и реализација затоа што охриѓани беа сведоци на нивната неспособност и неработа. Јавно има да ги поканиме советничката Ангелоска и СДСМ, па ако имаат малку доблест ќе се појават на отворањето на за нив „нереалниот“ проект. – се вели во реакцијата на ОК ВМРО ДПМНЕ.
OhridNews












