Доделувањето на градежното неизградено земјиште на управување на општина Охрид од страна на Владата на Република Македонија претставува потег кој е во интерес на Охрид, пред се во интерес на развојот на градо, се наведува во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.
-Чинот на доделувањето на градежното земјиште на територијата на Општина Охрид на управување на Локалната самоуправа значи спроведување на децентрализацијата како процес . Сето тоа е поврзано со законските норми и исполнувањето на условите за добивање на градежното  земјиште на управување . Фактот што заради неорганизираноста на локалната самоуправа Охрид овој процес се случува сега е само доказ за еден неодговорна  и неспособна локална власт во Охрид која со години го блокира развојот на Охрид, се вели во соопштението.
Според ВМРО ДПМНЕ Охрид согласно законските норми ќе треба квалитетно отсега да управува со градежното земјиште и преку тоа да обезбеди квалитетен развој на Општината во иднина.
-Но довербата во оваа сегашна Локална самоуправа во Охрид на СДСМ и во овој Градоначалник Петрески  е сведена на минимум. Знаејќи со каков очаен менаџерски  потенцијал располага Локалната во моментов на раководни места, знаејќи го  коруптивниот и криминоген начин на размислување на Градоначалникот на Охрид Петрески и на раководните лица од Локалната и знаејќи дека единствено што знаат е само  личниот интерес , ги потсетуваме да не си поигруваат со Охрид како што прават 8 години , да не направат нови и штетни и непоправливи одлуки во однос на Охрид  како што прават досега и да не ја уништата иднината за развојот на Охрид затоа што и досега доволно му наштетиле на Охрид, стои во реакцијата.
OhridNews