Во ЕУ и НАТО не се оди со тендери за апетисани и слатки со ненормално високи суми, со кирии од 5000 евра кои Шеќеринска ги земаше, бонбона- бизниси, грантови и тендери доделени  на фирми во сопственост на државни и партиски сопственици, или пак стипендии доделени на нивните деца, се наведува меѓудругото во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ Струга, а во врска со денешната трибина со Радмила Шеќеринска со која официјално започнува кампањата за претстојниот референдум.

  • Да ја потсетиме Шекеринска и на лошата и кобна за сите нас, територијална поделба и нејзиниот став дека ,, некои прашања не заслужуваат одговор“. Џабе ви е ,,господа“, вие сте веќе прочитана книга за народот. ВМРО-ДПМНЕ е против капитулантскиот договор  Заев- Ципрас! Република Македонија нема да оди напред  со откажување од македонскиот идентитет и се што е македонско! СДС врши грубо потценување на македонскиот народ , со цел да ги прикрие своите криминали. Вршат измислена поделба на народот, дека некој е ЗА, а некој е ПРОТИВ ЕУ и НАТО, во зависнот од тоа, дали го поддржува или не, штетниот капитулантски договор, велат од ВМРО ДПМНЕ Струга.

Оттаму додаваат дека со договорот се брише името на Република Македонија, македонскиот идентитет, македонската историја и култура.

OhridNews