ОИШ на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, преку својот портпарол, Јованчо Секуловски, денеска упати завршна порака до охриѓани, пред одлучувачкиот втор круг од изборите в недена:

„Ако некој дозволи да биде излажан еднаш, гревот е на тој што лаже. Но ако некој дозволи да биде излажан вторпат, грешката е исклучиво на излажаниот. 


Во недела изборот е јасен – од една страна е Александар Петрески и неговиот кружок на сомнителни типови кои прават коруптивни договори со таканаречени „инвеститори“, за кои Александар Петрески и неговиот тим одработуваат градежни маркички за станбени згради, бизнис со паркинг простори, ослободување од комуналии и толерирање на дивоградби и високоградби, а за возврат добиваат станови, кафетерии и многу, многу пари. Срамота е Охрид да го води тим чии членови се Бранко Арнаудов – првиот архитект на градот кој што во секоја маркичка гледа профит, Гоце Симоновски кој што само во еден проект „духот на Охрид“ сомнинтелно потроши 180.000 евра, Игор Калајџиески – кој што само со еден потпис за 0 денари доби 140 мн2 станови. Партијата која што стои зад Александар Петрсеки ја води амнестиран криминалец. Охрид не смее да си дозволи градоначалник чии единствени атрибути се да се биде корупмиран и да се биде киднапиран. Охрид не смее да си дозволи градоначалник кој и наредниве 4 години ќе биде срам за градот. Срамота е за Охрид и за Охриѓани да се идентификуваат со Александар Петрески,

Од друга страна е Кирил Трендафилов – Нанче, чесен човек кој што работи чесно, одговорно и успешно. Кирил Трендафилов – Нанче ќе воведе нови стандарди во работата на Општината, ќе спроведе бројни проекти во интерес на нејзините граѓани, ќе работи транспарентно и во интерес на сите граѓани, во интерес на сите населени места. Зад Кирил Трендафилов стои Владата на Република Македонија – Премиерот Груевски и неговиот тим кои што својата љубов и посветеност на напредокот на Општина Охрид ја покажале и ја покажуваат секојдневно. Охриѓани знаат– ВМРО-ДПМНЕ е нивната политичка опција.

Во недела изборот е јасен – професорот Ѓорге Иванов ќе биде новиот претседател на Република Македонија.

Во недела изборот е 1“, се вели во пораката на ОИШ ВМРО ДПМНЕ – Охрид, што ја пренесе портпаролот, Јованчо Секулоски.

Ohridnews