Јавното претпријатие „Водовод“-Охрид расипнички ги троши парите на граѓаните во време кога граѓаните се соочуваат со здравствената криза и со огромна економска неизвесност, обвинуваат од општинската ВМРО ДПМНЕ.
- Во време кога коронавирусот зема голем замав, ЈП „Водовод“ склучило договор со Приватна агенција за вработување ПАВ „АКСИОС-ВАРДАР“ од Гостивар во вредност од 5.000.000,00 денари. Иако со над 250 вработени, в.д. директорот Светозар Стефановиќ се дрзнува да троши нови 5 милиони денари за привремени вработувања во услови на економска криза и намален обем на работа. Дали градоначалникот Константин Георгиески е запознат за привремените вработувања во ЈП „Водовод“ – Охрид? Дали Георгиески ќе ја почитува Одлуката на Влада да нема привремени вработувања поради кризата? Зошто Георгиески не побара одговорност од в.д. Директорот поставен лично од негова страна?, прашуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Оттаму, додаваат дека локалната власт наместо да работи и носи одлуки во интерес на граѓаните, го користи предизборниот период и во времето кога граѓаните се соочуват со пандемијата од КОВИД-19.
OhridNews












